домаСпортБрегалница против Шкендија во Штип – трите бодови важни за двете екипи,...

Брегалница против Шкендија во Штип – трите бодови важни за двете екипи, вниманието на дербито Вардар – Струга

- Advertisement -spot_img

Шкендија во обид да го преживее Штип и да го сочува првото место, Брегалница да врзе втора победа и да побегне од опасната зона.

Дуелот од 12. коло на Прва лига во Штип носи различна тежина, дали Брегалница ќе успее да ги израдува навивачи по петти пат и да има резултатска стабилност, а од друга страна вицешампионот од Тетово ја стопи бодовната предност и конкурентите „дишат во врат“ и од таа причина не смее да си дозволи никаков „кикс“ во Штип. Мечот се игра во 14:30 часот на Градскиот стадион во Штип

Шкендија Арачиново е во резултатска криза, дебитантот ќе мора брзо да се врати на победите со цел да не дојде во ситуација да продолжи да тоне на прволигашката табела. Тиквеш пак против тимот од Арачиново гледа шанса за шести триумф и да го напаѓа врвот бидејќи има само четири бода негатива од првата позиција. Дуелот стартува во 12 часот.

Овие две средби се играат во недела, а пак во понеделник ќе бидат одиграни три средби.

Скопје никако да победи дури во 12-тото коло против Силекс ќе прави обиди да ги израдува верните „пирати“ за првпат сезонава, а пак тимот од Кратово е внимателен, иако Скопје е во лоша форма, знае дека во Автокоманда тешко се освојуваат бодови и до таа причина внимателно ќе пристапи на „Железарница“ за да може да дојде до трета победа во низа и да се доближи до позициите за Европа. Натпреварот ќе започне во 12 часот.

Во Куманово се игра дерби меѓу две екипи кои имаат повеќе од тешка сезона за опстанок. Башкими против Арсими. Двете екипи имаат резултатска криза, Башкими со седум бодови во опасната зона како претпоследен, а пак Арсими со десет бода е во бараж зоната. Двете екипи имаат најлоши одбрани во првенството, а напапот по ефикасност е ист. Средбата стартува во 14 часот.

Вардар и Струга во дерби на колото, дуел од кој победникот може да биде и прв ако Шкендија загуби во Штип, дуел од кој победникот без разлика на исходот од Штип ќе биде втор.

Шампионот Вардар е трет со 21 бод три помалку од лидерот Шкендија, а пак Струга Трим Лум е втора со 23 бода. Стружани ја имаат најдобрата одбрана со примени седум гола, но и одбраната на Вардар е втора најдобра со девет примени гола.

Од друга страна, пак, Струга Трим Лум го има најдобриот нападот со 26 гола, а Вардар реализираше 17 погодоци. Дербито на колото ќе започне во 14 часот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img