Премиерот Мицкоски и лидерот на БЕСА Касами ги испеглаа ставовите. Мицкоски ја потврди средбата и рече дека Касами почнал да ги праќа вистинските пораки. Ова следи по повиците за гласање по етнички клуч, испратени од кандидати за градоначалници од „Вреди“. Мицкоски дециден – владината коалиција е стабилна.
Мицкоски со став како лидерот на СДСМ може да ја оценува работа на Владата за период од година и пол, кога за сопственото претседателување од истиот период Филипче вели дека е краток период.
Мицкоски ги демантираше шпекулациите за коалицирање со поранешниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко кој јавно декларираше дека нема да ги подржи ДУИ во вториот круг на локалните избори.






