домаМакедонија(ВИДЕО) Групата „Бајрами“ од Гора настапи на свеченоста за 30 години од...

(ВИДЕО) Групата „Бајрами“ од Гора настапи на свеченоста за 30 години од Работната група на словенските малцинства во Тирана

- Advertisement -spot_img

Во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности во соработка со Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Посебен момент беше гала-вечерата по повод 30 години од постоењето на Работната група на словенските малцинства (АГСМ), каде во свечена атмосфера беше одбележан овој значаен јубилеј.

За дополнително збогатување на програмата настапи македонската музичка група „Бајрами“ од селото Орешек, област Гора. Со изведба на традиционални песни и автентични музички мотиви од областа Гора, тие внесоа посебна емоција и гордост, достојно претставувајќи ја културата и традиција од областа

Настанот беше уште една потврда за важноста на културната дипломатија и заедничкото дејствување во насока на зачувување и афирмација на националниот и културниот идентитет на словенските малцинства во Европа.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img