4.8 C
Skopje
17 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски најавува агрореволуција во Пробиштип – одржливо производство како модел

Тоневски најавува агрореволуција во Пробиштип – одржливо производство како модел

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како и со група земјоделци од општината. На состанокот се разговараше за актуелните предизвици во земјоделството и за конкретни решенија со цел подобрување на условите за работа и живот во руралните средини.

„Се споделија корисни информации, се добија конкретни одговори и се отворија решенија за подобра иднина на земјоделството,“ истакна Тоневски, додавајќи дека поддршката на земјоделците е еден од неговите главни приоритети.

Во рамките на теренските активности, тој се сретна и со жителите на селото Пишица, каде што разговараше за нивните потреби, идеи и предлози за локален развој.

„Заедно со народот, чекор по чекор, одиме кон вистински промени и поголеми успеси,“ порача Тоневски, најавувајќи дека ќе продолжи со директни средби со граѓаните во сите населени места на општината.

Локалните избори во Пробиштип ќе се одржат на 19 октомври, а Тоневски повика граѓаните да го поддржат неговиот концепт за развој и напредок на општината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img