домаМакедонијаБремените жени и децата со најмал интерес за вакцинација против сезонски грип,...

Бремените жени и децата со најмал интерес за вакцинација против сезонски грип, најголем кај возрасните над 65 години и хронично болните

- Advertisement -spot_img

Загрижувачки е фактот дека со години наназад, кога говориме за вакцинација против сезонски грип, најмал е интересот кај бремените жени и децата кои се вбројуваат во ризична група, додека најголем е интересот кај возрасните над 65 години и хронично болните. Се зголемува бројот на амбулантски прегледи на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и тоа е очекувано во овој период, велат педијатрите, но засега сè уште нема изолирано случај на грип.

„За жал, во нашата држава сè уште е ниска стапката на примени вакцини на имунизација против сезонскиот грип кај бремените жени и кај децата, но гледаме дека со годините трендот се зголемува. Ние секогаш препорачуваме деца од шест месеци до пет години за кои што е бесплатна вакцинацијата да си ја примат вакцината за сезонски грип. Исто така и кај децата за хронични болести. Вакцината, како и секоја друга вакцина, штити од најтешките форми на болеста. Сезонскиот грип најчесто се јавува со респираторни симптоми, но може да се појават и невролошки и системски симптоми кај инфекцијата со грип, така што оваа вакцина штити од најтешката клиничка слика“, изјави д-р Филип Доксимовски од универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Во овој период најчести се амбулантските прегледи на деца со респираторна симптоматологија.

„Хоспитализираните деца се со долнореспираторни инфекти, пневмонии, дали од вирусна или бактериска етиологија, некои од нив побаруваат и кислородна поддршка, така што не е ништо што не би очекувале за овој период од годината“, додава Доксимовски.

Во моментов колку деца се на кислородна поддршка?

„Во моментов имаме околу пет-шест деца кои што се на кислородна поддршка. Но, и покрај тоа, можам да кажам нивната состојба е стабилна“, одговори Доксимовски.

Лекарите апелираат во оној момент кога родителите ќе ги забележат некои од симптомите: поизразена кашлица, појава на покачена телесна температура, детето да се тргне од колективот доколку е во градинка и училиште. Да се остави на домашно лекување и да се започне со симптоматска терапија во консултација со матичниот лекар кој ќе ја следи состојбата за соодветно и навремено да се реагира доколку е потребно.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img