домаМакедонијаСтојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците

- Advertisement -spot_img

Македонското малцинство во Бугарија не очекува решение за регистрација на македонски здруженија и покрај најавите на Јотова дека таа сага набрзо ќе заврши. Првиот човек на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков вели дека недовербата останува бидејќи политиката на Бугарија е насочена кон негирање и постепено бришење на македонскиот идентитет што според нив никогаш не постоел.

Во очите на официјална Софија според Стојков, решението за сите проблеми е да ги снема македонците. Затоа повика македонските власти да не дозволат политика на виткање кичма и да не се прават безкомпромисни отстапки.

И покрај засилениот мониторинг од Комитетот на министри врз Бугарија, бугарските власти одбиваат да ги спроведат пресудите, дециден е Стојков.

Тој денеска беше назначен за надворешен член на МАНУ, а од академиците беше истакнат неговиот придонес во борбата за правата на македонското малцинство во Бугарија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img