домаМакедонијаМицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови...

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

- Advertisement -spot_img

Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна-Вестфалија, којашто во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија.

Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во којашто ги истакнавме нашите добри билатерални односи. Добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од шесте земји од Западен Балкан којашто има потпишано договор за ваков тип билатерална и економска соработка.

Она што можам да го кажам за Северна Рајна-Вестфалија е фактот дека е отприлика 10 пати поголема од Македонија, има околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант. Номиналниот БДП е поголем од 900 милијарди евра во 2025 година — ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија. Ако нашиот БДП по глава на жител е некаде околу 10.000 евра, овде во Северна Рајна-Вестфалија тој номинален доход е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем.

Можностите за соработка се големи. Се разбира, по завршувањето на изборите овде во Северна Рајна-Вестфалија, коишто се очекува да бидат во април следната година, го поканив премиерот на покраинската Влада да ја посети Македонија за да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна-Вестфалија.

Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании коишто се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас. Меѓу нив би ја издвоил средбата со компанијата „Гересхајмер“, којашто веќе има реализирано две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а бројот на вработени изнесува околу 300 лица.

Но, она што е поважно е нивната амбиција за нова, дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни, каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500 и практично ќе го триплираат обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе дадат позитивен придонес и ќе додадат вредност во македонскиот БДП.

Исто така, сакам да најавам, доколку биде сѐ како што треба, во декември три нови производни капацитети, коишто кога ќе го достигнат својот врв на инвестицијата и полн капацитет, ќе отворат повеќе од 1.000, што е уште поважно, добро платени работни места.

Така што, продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје.“

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img