домаМакедонијаКлековски: Новиот закон за лекови ќе предвидува планови при недостиг на терапии...

Клековски: Новиот закон за лекови ќе предвидува планови при недостиг на терапии и построги правила за фалсификувани лекови

- Advertisement -spot_img

Една од главните новини е воведувањето постапка за пријавување недостиг на лекови и изготвување резервни планови за случаи кога одредена терапија привремено или трајно нема да биде достапна. Предвидена е и нова постапка за пријавување несакани реакции од лековите
Министерот најави и усогласување со европските прописи, како и со стандардите на Советот на Европа во делот на фалсификуваните лекови. По првпат, како што рече, фалсификувањето лекови ќе биде предвидено како кривично дело, што ќе бара усогласување и со Кривичниот законик
Министерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска одржа национална консултација за новиот закон за лекови, со кој треба да се обезбеди навремена достапност на лековите, нивна безбедност и квалитет, како и усогласување со европската регулатива.

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека постојниот закон е донесен во 2007 година и досега претрпел повеќе од 20 измени и поради тоа се подготвува целосно ново законско решение. Со него ќе се регулира исклучиво областа на лековите, додека медицинската опрема ќе биде опфатена со посебен закон. Во следната фаза се планира и одвојување на фармацевтската, односно аптекарската дејност во посебен закон.

Клековски посочи дека во процесот на консултации се вклучени пациентите, фармацевтите, фармацевтската индустрија, клиничките фармацевти и лекарите, а нивните забелешки ќе бидат разгледани пред законот да влезе во владина процедура.

Една од главните новини е воведувањето постапка за пријавување недостиг на лекови и изготвување резервни планови за случаи кога одредена терапија привремено или трајно нема да биде достапна. Предвидена е и нова постапка за пријавување несакани реакции од лековите.

Министерот најави и усогласување со европските прописи, како и со стандардите на Советот на Европа во делот на фалсификуваните лекови. За првпат, како што рече, фалсификувањето лекови ќе биде предвидено како кривично дело, што ќе бара усогласување и со Кривичниот законик.

Одговарајќи на прашање за недостигот на лекови на клиниките, вклучително и на Клиниката за онкологија, Клековски рече дека законот ќе предвиди постапка за пријавување и справување со дефицитарноста, вклучително и можност за обезбедување заменска терапија или друг план.

Како пример го посочи лекот „декотин“, за кој во моментов има траен недостиг. Според него, најголем дел од недостигот на лекови е предвидлив бидејќи производителите или добавувачите однапред знаат за прекини или доцнења во производството и испораката. Затоа, потребни се поголема дисциплина и навремено информирање, а обврската за пријавување ќе ја имаат носителите на одобренијата.

Во однос на јавните набавки, министерот рече дека здравствените установи и сега имаат можност да планираат повеќегодишни набавки.

Министерството, најави, ќе испрати препорака и ќе организира заеднички состанок со Фондот за здравствено осигурување за финансиското планирање да се врши на подолг рок, иако преговорите ќе се водат секоја година.

Клековски нагласи дека секоја терапија треба да има алтернатива, а казните за доцнење или неиспорака на лекови треба да бидат предвидени во договорите за набавка.

Во однос на проширувањето на позитивната листа, министерот рече дека новиот закон ќе ги поедностави одредени регистрациски постапки и ќе овозможи евидентирање на потрошувачката на лекови, што е важно за процена на финансиските импликации од нивното вклучување на листата. Очекува во 2027 година да има нови лекови на позитивната листа.

Претставникот на СЗО и шеф на регионалната канцеларија на организацијата во земјава, д-р Аким Али, оцени дека законската регулатива има клучна улога во обезбедувањето безбедни, ефикасни и достапни лекови за граѓаните.

Али ја поздрави соработката со Министерството за здравство, МАЛМЕД и експертите вклучени во подготовката на законот, нагласувајќи дека СЗО ќе продолжи да ја поддржува земјата во сите фази од процесот. Особено го истакна значењето на редовното ажурирање на листата на лекови за функционирањето на фармацевтскиот систем и нивната достапност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img