домаМакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се...

Врховниот суд ги укина пресудите за модуларната болница во Тетово, предметот се враќа на повторно судење

- Advertisement -spot_img

Врховниот суд ги укина пресудите на Основниот суд Тетово и Апелациониот суд Гостивар за случајот со модуларната болница во Тетово и го врати предметот на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Одлуката била донесена на седница на Советот за казниви дела на 22 октомври, откако судот ги уважил барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија, на седницата одржана на ден 22.10.2026 година, донесе пресуда во предметот КВП2-36/26 (во јавноста познат како Модуларна болница Тетово), со која ги уважи барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на осудените, поднесени преку нивните бранители“, се наведува во соопштението.

Со одлуката се укинати пресудата на Основниот суд Тетово од 16 мај 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар од 26 ноември 2025 година.

Истовремено, Врховниот суд го отфрлил како недозволено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поднесено од обвинетото правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

Предметот повторно ќе се разгледува пред Основниот суд Тетово.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img