домаМакедонијаСПАСОВДЕНСКА СРЕДБА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Горно Крчиште повторно ќе биде центар...

СПАСОВДЕНСКА СРЕДБА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА: Горно Крчиште повторно ќе биде центар на традицијата и духовноста

- Advertisement -spot_img

Во селото Горно Крчиште, во областа Полени – Маќелара, на 23 мај 2026 година ќе се одржи традиционалната Годишна македонска средба по повод големиот христијански празник Спасовден.


Настанот ќе започне во 9 часот кај древната црква Свети Спас, која потекнува од 1232 година и претставува значаен споменик на културата и духовното наследство на Македонците во Албанија.


Во рамки на средбата ќе се одржи богослужба, а организаторите најавуваат и богата културно-уметничка програма исполнета со македонски песни, ора и традиционални специјалитети од македонската кујна.


Организатор на настанот е Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, од каде упатија покана до сите Македонци од Албанија, но и од Македонија, како и до сите добронамерници кои сакаат да бидат дел од оваа традиционална средба.


Средбата во Горно Крчиште со години претставува симбол на зачувување на македонскиот идентитет, традиција и духовност меѓу Македонците во Албанија, а секоја година собира голем број посетители од целиот регион.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img