По првите 45.минути на дербито во Струга, нема голови. Струга ТЛ имаше изгледни шанси преку Радески, Агамах и опасните удари на Рама и Бојку. На другата страна напаѓачот на Шкендија,Тамба во два наврати се закани кон домашниот гол, исто така и Ѓорѓиевски опасно се закани, но сепак не видовме гол во првото полувреме од големото дерби на 13.коло во нашата елитна лига меѓу двете водечки екипи.
Во 3.минута, по дуелот меѓу Бојку и Красниќи, судијата Трпчевски покажа на белата точка за гостите. По интервенција на ВАР собата тој две – три минути ја гледаше снимката и ја поништи својата првична одлука.
Тетовци реално беа поактивни, повеќе го имаа поседот на топката, додека домашните од контри се обидуваа да дојдат до водство.






