Новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера и официјално ја презеде функцијата во просториите на Град Скопје. Една од пораките кои ги упати на почетокот е дека „Скопје е ослободено“.
Она што посебно привлече внимание е отстанувањето на рампите пред Град Скопје. Со тоа, нагласи Ѓориевски, институцијата повторно станува достапна и отворена за медиумите и за сите граѓани.
Новинарите, мака мачеа со години со претходната градоначалничка Данела Арсовска, која не беше достапна за изјави и/или информации. Не е тајна дека голем број медиуми ги доживуваше непријателски, а транспарентноста четири години не функционираше.
Освен за медиумите, Град Скопје ќе биде отворен и за граѓаните, кои како странки, имаат право да се обратат за прашања и проблеми.








