домаМакедонијаСкокнаа цената на становите во Штип – за 10% поскапеа новоградбите но...

Скокнаа цената на становите во Штип – за 10% поскапеа новоградбите но и постарите станови

- Advertisement -spot_img

Цената на становите во Штип зголемена за 10% во споредба со минатата година, покажуваат најновите анализи на Општината. Во овој бизнис со продажбата на становите и недвижниот имот завртени се 13 милиони евра, од кои осум милиони евра се за новите станови. Годинава највисоката цена за продадена станбена површина изнесува 1.500 евра за метар квадратен.

„Просечната цена бележи зголемување за околу 10%, односно и старите и новите станови се продаваат за повисоки цени. Досега од предметите пристигнати во општината, цената на становите препродадени е околу 13милиони евра, од кои 8милиони евра се за нови станови. Највисоката постигната цена на договор е околу 1.500евра од метар квадратен за нов стан“, вели Драган Каров, општина Штип.

Во Штип годинава намалена е продажбата на нови и стари станови за околу 30%. Досега се склучени 207 купопродажни договори. Но, годинава во Штип расте бројот на нови одобренија за градење на станбени згради, а во катастерскиот систем ќе влезат во 2027 година.

„Претходната година имало повеќе згради коишто се впишани во катастерот, а оваа година има повеќе одобренија, но тие згради ќе се впишат во некој од наредните години, па тогаш ќе има поголема препродажба на станови“, додава тој.

Во Штип лани се продадени 315 станови, а новите одобренија за градба најавуваат дека наредната година ќе има поголем избор на нови станови и во централното градско подрачје, но и низ штипските населби.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img