домаХроника18-годишен делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра – парите и документите...

18-годишен делчевец пронашол 114.000 денари и 2.000 евра – парите и документите ги предал во полиција

- Advertisement -spot_img

Осумнаесетгодишен жител на Делчево пронашол лични документи и поголема сума пари на улица и веднаш ги предал во полиција, информира Министерството за внатрешни работи.

Случајот се случил на 24 октомври, кога младиот делчевец на булеварот „Македонија“ пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра.

Наместо да ги задржи, тој во 14 часот ги однел документите и парите во Полициската станица Делчево.

Од МВР ја поздравија постапката на младиот делчевец, оценувајќи ја како позитивен пример за чесност, совесност и граѓанска одговорност.

„Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата“, соопштија од Министерството.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img