домаМакедонијаПочна замената на покривот на штипската болница – ортопедите и хирурзите ќе...

Почна замената на покривот на штипската болница – ортопедите и хирурзите ќе ја делат операционата сала додека трае санацијата

- Advertisement -spot_img

По два месеца од силното невреме во штипскиот регион почна реконструкцијата на покривот на Клиничката болница во Штип. Орканскиот ветер со брзина од 134 километри на час во јули го однесе лимот од покривот. Активностите се почнати откако е одбиена жалбата за надзор. Градежните работници веќе го имаат отстрането оштетниот покрив и во оваа прва фаза се работи на делот кај новиот Ургентен центар.

„Како што можете да видите целосно е отстранета и за неколку дена треба да ја постават новата конструкција. Тоа е прва фаза, што се однесува до втората таа ќе биде на главната зграда, целиот кров треба да се смени“, вели Владко Захариев директор на Клиничка болница-Штип

Поради оштетената кровна конструкција на болницата одредени одделенија работат со ограничен обем на работа, односно интервенции. Операционата сала на ортопедија се уште не е функционална.

„Редукција имаме на одделението за ортопедија, каде што ортопедската сала е вон функција, но е направена една модификација, со која ќе може да ги обслужеме пациентите. Ортопедите работат во хируршката сала и тоа во одредени термини. Еден еден работат хирурзите, еден ден ортопедите, за да нема поголем застој во програмот и во итната патологија“, рече Захариев.

Силното невреме во штипскиот регион во јули направи штета на покривот на болницата, по што протече и таванот на одделението за ортопедија.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img