домаМакедонијаПо години запуштеност, повторно проработи фонтаната на шесте републики во Прилеп

По години запуштеност, повторно проработи фонтаната на шесте републики во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Фонтаната пред салата „Македонија“ во Прилеп, која ги симболизира шесте републики на поранешна СФР Југославија, повторно е пуштена во функција. Нејзиното уредување беше дел од активностите по повод Денот на македонската револуционерна борба, објави „Маркукуле“.

По долг период во кој стоеше празна и пропаѓаше, фонтаната е исчистена и обновена, а скулптурите се бојадисани.

Според информациите што ги пренесе порталот, локалната самоуправа најавува дека ова е почеток на уредувањето на паркот пред салата „Македонија“.

За самата сала, пак, од Владата е најавена целосна реконструкција во наредните две години. Обновувањето на фонтаната е првиот видлив зафат во просторот пред објектот, додека поширокото уредување на паркот и реконструкцијата на салата остануваат најавени активности.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img