Маж се здобил со повреда на раката откако било пукано кон неговото возило во близина на маркет во скопското село Сарај. Инцидентот се случил утрово, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Според информациите што ги доби ТВ21 од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 18 октомври во 09:50 часот. Пријавителот М.И. посочил дека околу 09:30 часот, додека бил во патничко возило „туран“ во близина на маркет во Сарај, едно лице пукало со огнено оружје кон него.
Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде што пронашле четири чаури од пиштолска муниција.
Од оштетениот прозорец на возилото, М.И. се здобил со повреда на раката, поради што била известена екипа на Итната медицинска помош.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што пукало, како и за целосно расчистување на случајот.






