21-годишен скопјанец вчера пријавил дека бил претепан од четири лица кај Бит Пазар поради недоразбирање во сообраќајот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, влера во 18:50 часот во СВР Скопје, Б.Џ.(21) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од четири лица и се здобил со повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






