домаМакедонијаПремиерот и министрите пред пратениците: Прва пленарна седница по локалните избори

Премиерот и министрите пред пратениците: Прва пленарна седница по локалните избори

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска ја одржува првата пленарна седница по завршувањето на локалните избори. Пред формалниот почеток на 70. седница, премиерот и министрите ќе одговараат на прашања од опозицијата во траење од два часа.

На дневниот ред се:

Верификација на мандати на нови пратеници.

Избор на членови во Фискалниот совет и Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

Избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за децата.

Разгледување на два предлога за ратификација – Спогодбата со Азербејџан за визно ослободување за дипломатски и службени пасоши и измените на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.

Во прво читање ќе се разгледуваат измените на законите за правата на заедниците под 20%, аудиовизуелни медиумски услуги, ДДВ, гранична контрола и предлог-законот за претворање на државните побарувања во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти во Скопје.

По завршувањето на 70. седница, Собранието ќе продолжи со точките од 19. седница, меѓу кои Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и одлуката за висината на месечниот надомест што Агенцијата го наплаќа од пензиските друштва.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img