12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПо премиерот и претседателката се пожали дека и се смејат за авиончето

По премиерот и претседателката се пожали дека и се смејат за авиончето

- Advertisement -spot_img

Дебатата за државниот авион, која деновиве се распламти меѓу Владата и опозицијата, доби и необичен, но многу симптоматичен „прилог“ од Вила Водно. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека колегите претседатели од регионот го нарекуваат владиниот авион „авиончето на браќата Рајт“, затоа што било најмало и најстаро.

Сиљановска вели дека понекогаш нема избор и мора да лета со него заради функционално извршување на државните обврски, додавајќи дека во одредени ситуации тоа излегува и поевтино од комерцијални летови. Но, паралелно признава дека ѝ е непријатно поради возраста на леталото – според неа, авионот е стар 25 години и бил купен на старо, што секогаш ѝ создава дилема кога мора да се користи.

Во истата изјава, претседателката пренесува и конкретна споредба од соседството: нејзините соговорници, како што вели, сметаат дека е порационално и поевтино државата да има поголемо летало, затоа што со еден лет можат да патуваат повеќе луѓе и да се вратат кога има потреба. Таа посочува и личен „хендикеп“ што произлегува од капацитетот – дека со неа не можат да патуваат новинари, додека кај нејзините колеги од регионот тоа, според неа, е почеста пракса.

Изјавата доаѓа во момент кога темата „владин авион“ се претвори во политичка фраза за дневна употреба – од прашања за безбедност и функционалност, до обвинувања за луксуз и злоупотреба. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата се откажува од плановите за набавка на нов авион по критиките од СДСМ и дека „ќе се моли“ тие што ќе го користат постојниот воздухоплов да останат живи, алудирајќи на состојбата на леталото.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img