Заврши изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, 13 години откако почнаа градежните работи. Конечно се тргнати лимените тараби со кои беше заграден дел од улица Македонија и изминативе денови се чисти и уредува плочникот околу црквата, пренесува сдк.мк.
Од Скопската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија информираат дека осветувањето на црквата ќе биде на 28 септември.
„Осветувањето ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архиереи во 8:30 часот“, велат од Скопската епархија.
Црквата „Св. Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012, а на почетокот на изградбата присуствуваше и тогашниот премиер Никола Груевски. Инвеститори се МПЦ-ОА и Фондацијата „Св. Цар Константин“, што беше формирана од МПЦ за изградба на црквата. Груевски организираше три донаторски конференции со македонски компании за да се соберат пари за изградба,






