HomeМакедонијаПетмина возачи приведени без возачка дозвола во тетовско и гостиварско

Петмина возачи приведени без возачка дозвола во тетовско и гостиварско

- Advertisement -spot_img

Во текот на 13 и 14 март 2026 година полицијата во тетовско и гостиварско привела повеќе возачи кои управувале возила без возачка дозвола.

На 13 март на автопатот Тетово – Гостивар бил приведен Н.П. (38) од Гостивар, кој управувал товарно возило „форд“ без претходно положен возачки испит.

На 14 март во Маврови Анови бил приведен А.М. (32) од селото Врапчиште, кој управувал „поло“ без возачка дозвола.

Истата ноќ на регионалниот пат Тетово – Јажинце бил приведен Б.Ј. (41) од селото Прељубиште, кај кого биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица поради безобѕирно управување со возило.

Дополнително, на регионалниот пат Тетово – Скопје во селото Желино бил приведен Р.Н. (45) од селото Рогле, кој управувал „мерцедес“ без возачка дозвола.

Во Гостивар, пак, по претходно случена сообраќајна несреќа бил приведен И.С. (60), кој управувал „голф“ без положен возачки испит.

Во сите случаи возилата се одземени, а против возачите ќе следуваат соодветни пријави.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img