домаРегион14 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ НА НОА МИЛИВОЕВ, пресуда за свирепото убиство...

14 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА УБИЕЦОТ НА НОА МИЛИВОЕВ, пресуда за свирепото убиство во Белград

- Advertisement -spot_img

Со одлука на Вишиот суд во Белград, Огњен Дабетиќ, обвинет за бруталното убиство на 18-годишната Ноа Миливоев, кое беше извршено во јуни 2023 година, е осуден на казна затвор во траење од 14 години, пренесе Блиц.

Судот ги прифати наводите на обвинението според кои Дабетиќ убиството го извршил свиреп и подмолен начин, односно од омраза и ниски побуди, со што е отфрлен предлогот на одбраната која во завршен збор побара негово ослободување.

Ова е првостепена пресуда на која освен осудениот, право на жалба до Апелациониот суд во Белград има и обвинителството.

Инаку, според обвинението, Огњен Дабетиќ, ноќта меѓу 17 и 18 јуни 2023 година, во изнајмен стан во центарот на Белград, во кој живеел како пријавен, од омраза и нетрпеливост, на подмолен начин ја убил штотуку полнолетната Ноа Миливоев, со која бил во емотивна врска.

Дабетиќ успеал да ја обнови прекинатата врска и комуникацијата со младата девојка, но тој ја злоупотребил нејзината доверба и кога таа дошл во неговиот стан тој најанпред започна физички да се пресметува со неа, а потоа со давење со електричен кабел ја усмртил.

Откако ја убил Дабетиќ телото го одвлечкал до бањата каде во туш кабината, со нож, ја распарчал, а потоа деловите од телото ги ставил во платични буре, канта и кутија. По ова тој деловите од телото ги посипал со хемикалии и на крајот додал супстанци кои содржат амтеамин, митразапин, клозапин и парацетамол.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img