домаРегионПОСТРОГИ ПРАВИЛА ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ХРВАТСКА, кои мерки може да ги преземе...

ПОСТРОГИ ПРАВИЛА ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ХРВАТСКА, кои мерки може да ги преземе и Македонија?

- Advertisement -spot_img

Хрватска од денеска воведува построги правила за кредитирањето на населението со кои сака да обезбеди поголема заштита на граѓаните од прекумерно задолжување. Промените ќе важат за банки, граѓани, но и за индивидуални трговци и телекомуникациски оператори.

Една од најважните промени се однесува на проценката на кредитната способност. Пред да го одобри кредитот, банката ќе мора да провери дали клиентот има доволен приход и дали реално може да ги исполни идните обврски.

Ова значи дека во одредени случаи, од граѓаните ќе се бара дополнителна документација за да се потврдат нивните приходи, постојните долгови и други податоци важни за проценка на кредитната способност.

Новите правила вклучуваат и дозволени пречекорувања на тековните сметки. Банките повеќе нема да можат еднострано да го зголемуваат износот на дозволениот минус без потребната согласност од потрошувачот.

Новина во овој дел е тоа што се ограничува таканареченото премолчено прифатено пречекорување до висината на просечниот редовен месечен прилив на клиентот, а се воведуваат и дополнителни механизми за заштита при намалување или укинување на минусот.

Премолчено пречекорување е ситуација во која банката му овозможува на клиентот да користи средства над расположливото салдо или над веќе договорениот лимит меѓу банката и клиентот.

Новиот хрватски закон предвидува банките да одобрат премолчено прифатено пречекорување најмногу до висината на просечниот редовен месечен прилив на клиентот.

Значајна новина е дополнителната заштита на граѓаните при намалување или укинување на пречекорувањето. Банката пред започнување постапка за присилна наплата или продажба на побарувањето, мора да понуди можност за отплата на засегнатиот долг во 12 еднакви месечни рати, со применување на каматната стапка што важи за тој вид пречекорување и без дополнителни трошоци.

Со ова законодавецот настојува да спречи граѓаните ненадејно да се соочат со обврска за враќање поголем износ, што би можело дополнително да ја наруши нивната финансиска стабилност.

Предвидена е и дополнителна заштита во случај на предвремена отплата на кредитот. Кога граѓанинот ќе одлучи да го врати кредитот пред договорениот рок, ќе има право на соодветно намалување на вкупните трошоци на кредитот за преостанатиот период, во согласност со законските услови.

Една од промените што би можела да влијае на голем број граѓани се однесува на купувањето мобилни уреди на рати. Досега, телекомуникациските оператори честопати овозможуваа купување уреди со плаќање на рати како дел од договорите за претплата. Ваквите модели дефинирани со новиот закон се сметаат за позајмување на потрошувачите. Ова значи дека операторите кои нудат ваков облик на финансирање ќе мора да ги исполнат пропишаните услови, вклучително и проценка на кредитната способност на клиентот.

Новиот закон воведува и можност за бесплатно советување за лица кои имаат тешкотии со отплатата на долгот. Ваквите услуги ќе ги обезбедува Финансиската агенција (ФИНА), а целта е да им се помогне на граѓаните навремено да ги препознаат финансиските проблеми и да најдат можни решенија пред долговите дополнително да се зголемат.

Советувањето треба да им помогне на граѓаните да добијат појасен увид во нивните финансиски обврски и можностите за нивно исполнување.

Хрватските граѓани им должат речиси 30 милијарди евра на банките, а задолженоста на домаќинствата продолжува силно да расте. Според податоците од Хрватската народна банка, вкупните кредити за домаќинствата на крајот на септември изнесувале 29,6 милијарди евра, или 11% повеќе од претходната година.

Повеќе од половина од вкупниот долг на хрватските домаќинства се однесува на станбени кредити, кои се зголемиле за 12,5 % за една година. Готовинските кредити се зголемиле за десет проценти, додека нешто поумерен раст е забележан кај другите форми на задолжување, вклучувајќи картички и пречекорувања на тековни сметки.

Новите правила се резултат на усогласување со Европската директива за потрошувачки кредити (CCD2 – Директива 2023/2225).

Во земјата повеќето од промените што ги носи оваа директива се применети, но останува да се вградат и делови од новата регулатива кои се однесуваат на купувањето на рати кај трговци и телеком-оператори (BNPL) што подразбира проверка на кредитната способност на купувачот. Во Македонија, ова сè уште не е строго регулирано како банкарско кредитирање.

Исто така може да се примени и забраната за еднострано зголемување на „минус“ и лимити.

Право на заборав за онколошки пациенти: При проценка на кредитната способност или осигурување на кредит, финансиските институции не смеат да ги користат податоците за прележан карцином по одреден период од завршувањето на лекувањето.

При ограничувањето при проценка на кредитна способност се забранува користење податоци од социјалните мрежи или здравствени податоци при одлучување за одобрување кредит.

Државата и институциите имаат обврска да обезбедатнезависни и бесплатни советодавни услуги за граѓаните кои западнале во финансиски тешкотии при отплатата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img