домаХроникаЗАКАНИ СО ПИШТОЛ ВО „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“: Приведен раководител, во неговото возило било...

ЗАКАНИ СО ПИШТОЛ ВО „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“: Приведен раководител, во неговото возило било пронајдено оружје!

- Advertisement -spot_img

Раководител на сектор во ЈП „Комунална хигиена“ е приведен откако, според информации на „Порталикс“, подолг период им упатувал закани на вработените, а наводно се заканувал и со пиштол.

Случајот кулминирал вчера, кога еден од вработените, исплашен од заканите, изгубил свест, по што била повикана Итната медицинска помош.

Вработениот го пријавил инцидентот во полиција, по што полициските службеници го привеле осомничениот. По информациите дека заканите биле упатени со огнено оружје, полицијата извршила проверка на неговото возило, каде што бил пронајден пиштол за кој, според изворите на медиумот, немал соодветна дозвола за поседување или носење.

Според информациите на „Порталикс“, лицето со иницијали Л.Б., кое раководи со сектор во јавното претпријатие, сè уште се наоѓа во полициска станица.

Се очекува надлежните институции да ги преземат следните чекори во постапката, вклучително и одлука за евентуално определување мерка притвор.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img