домаМакедонијаЗасадени 1.500 садници, собран отпад и исчистени депонии

Засадени 1.500 садници, собран отпад и исчистени депонии

- Advertisement -spot_img

Во рамките на големата екоакција учествуваа преку 650 луѓе од 34 институции, од образовниот сектор, бизнис-заедницата, граѓанските здруженија и доброволци кои се грижат за животната средина. Со рачно чистење на повеќе од 30 локации низ градот и околината беа собрани 53 кубни метри отпад – информираа од Општина Прилеп.

Паралелно со оваа екоакција, во соработка со иницијативата „Мој Прилеп“, извидничкиот одред „Феникс“ и ЈКП „Комуналец“, биле засадени 1.000 багреми, како уште еден значаен чекор кон поздрава и позелена животна средина во близина на манастирот „Свети Димитриј“ во Селце. Исто така, со градежни машини и транспортни возила се чистеле и двете најголеми диви депонии зад касарната и кај Дата-центарот. На локација под манастирот „Св. Димитриј“ во селото Селце биле засадени и околу 500 садници

Повеќе од 30 локации, голем број волонтери, општествено одговорни компании и граѓани, многу собран отпад и 1.500 засадени садници изминатиот викенд. Со тоа, Прилеп покажа дека грижата за животната средина е заедничка одговорност.

– Во рамките на големата екоакција учествуваа над 650 луѓе од 34 институции, од образовниот сектор, од бизнис-заедницата, граѓанските здруженија и доброволци кои се грижат за животната средина. Со рачно чистење на повеќе од 30 локации низ градот и околината беа собрани 53 кубни метри отпад – информираа од Општина Прилеп.

Оттаму додаваат дека посебно радува масовната вклученост на учениците од основните и средните училишта, наставниците, јавните претпријатија, институциите, волонтерите, општествено одговорните компании и големиот број граѓани кои одвоиле време и се приклучиле на акцијата.

– И покрај неповолните временски услови, заедничката цел беше посилна од дождот – децидни се општинските власти.

Паралелно со оваа екоакција, во соработка со иницијативата „Мој Прилеп“, извидничкиот одред „Феникс“ и ЈКП „Комуналец“, биле засадени 1.000 багреми, како уште еден значаен чекор кон поздрава и позелена животна средина во близина на манастирот „Свети Димитриј“ во Селце.

Исто така, се чистеле и двете најголеми диви депонии зад касарната и кај Дата-центарот со градежни машини и транспортни возила.

– Во акцијата беа користени шест транспортни возила, три градежни машини и седум трактори. До депонијата во Алинци се транспортирани 400 кубни метри градежен отпад и мешан комунален отпад – потенцираат од Општина Прилеп.

Викендот, на локација под манастирот „Св. Димитриј“ во селото Селце, биле засадени и околу 500 садници. Акцијата ја реализирале Здружението „Сина револуција“, со поддршка на „Бехтел ЕНКА“ и во соработка со Општина Прилеп.

– Овој викенд граѓаните, институциите, образованието и бизнис-секторот уште еднаш покажаа дека кога дејствуваат заедно, резултатите се видливи. Но, грижата за животната средина не завршува со една акција, ниту чистотата и зеленилото се обврска само на институциите. Прилеп е нашиот заеднички дом. Да го чуваме чист, да го правиме позелен и да оставиме подобра средина за генерациите што доаѓаат – заклучија од Општина Прилеп.

https://www.vecer.press/zasadeni-1-500-sadniczi-sobran-otpad-i-ischisteni-deponii/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img