домаМакедонијаПерпарим Бајрами спроведен во затворот во Шутка

Перпарим Бајрами спроведен во затворот во Шутка

- Advertisement -spot_img

МВР информира дека денеска во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година.

Како што информираат од полицијата, лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Со ова, по Артан Груби, уште едно лице по кое се трагаше е ставено на располагање на органите на прогонот.

Во случајот обвинети се и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Груби, кој исто така повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, се предаде на Блаце во февруари годинава, по што му беше определен куќен притвор.

Судењето за случајот продолжува во петок.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img