32-годишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди од изгореници откако се обидела да запали оган со бензин во селото Орешани, скопско.
Според информациите од МВР, на 10 ноември околу 20:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека жената со тешки повреди била донесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Според пријавеното, таа со изгорениците се здобила во село Орешани, скопско, додека се обидувала да запали оган со бензин“, информираат од МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.






