Египет објави список со 35 организации поврзани со Европа кои ги прогласи за терористички, а меѓу нив се најде и невладина организација од Македонија.
Според објавените информации, станува збор за организацијата „Islamic Youth Association“, која е наведена и како членка на FEMYSO (Forum of European Muslim Youth and Student Organisations) – европска мрежа на младински и студентски муслимански организации.
Информацијата за листата беше објавена на социјалната мрежа „Х“, каде што се наведува дека Египет донел одлука да стави 35 европски организации на листата на терористички субјекти.
Во објавата се тврди дека причината за ваквиот потег е поврзаност на организациите со екстремистички активности, но засега нема дополнителни детали за критериумите според кои се направени класификациите.






