домаМакедонијаОпштина Чаир го засилува одржувањето на јавната чистота со 100 нови контејнери

Општина Чаир го засилува одржувањето на јавната чистота со 100 нови контејнери

- Advertisement -spot_img

Општина Чаир продолжува со инвестициите за подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денеска, на територијата на општината започна поставувањето на 100 нови контејнери на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни делови на Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на локалната самоуправа.

„Постојано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. Поставувањето на 100 нови контејнери и проширувањето на мрежата на подземни контејнери се дел од нашата посветеност за почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите“, изјави Меџити.

Истовремено, Општина Чаир продолжува и со проширување на мрежата на подземни контејнери. Досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат и на нови локации низ општината.

Од Општина Чаир посочуваат дека остануваат посветени на реализација на проекти кои придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот и создавање почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img