домаМакедонијаКоњановски: „Мини Трчај бе“ расте во спортски бренд – децата се вистинските...

Коњановски: „Мини Трчај бе“ расте во спортски бренд – децата се вистинските шампиони на Битола

- Advertisement -spot_img

Повеќе од 800 деца од Битола и од повеќе градови низ Македонија учествуваа на четвртото издание на детската трка „Мини Трчај бе“, што се одржа на битолското шеталиште.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека ваквите настани се доказ дека иднината на градот е во младите генерации и во вредностите што ги стекнуваат преку спортот.

„Ако сакаш да видиш како изгледа иднината на еден град, гледај во децата што денес трчаа по битолското шеталиште. Насмеани, мотивирани, полни со енергија и подготвени да го дадат најдоброто од себе“, порача Коњановски.

Тој нагласи дека спортот не претставува само резултати, медали и победи, туку и начин на градење здрави животни навики, карактер и пријателства кои остануваат за цел живот.

Коњановски изрази задоволство што Битола е домаќин на настан кој од година во година расте и станува сè попрепознатлив на национално ниво.

Воедно, тој упати честитки до организаторите, волонтерите, родителите и наставниците за нивниот придонес во успешната реализација на настанот.

„А најголемите честитки одат до децата. Тие се хероите на Битола“, истакна градоначалникот на Битола.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img