домаМакедонијаБитолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени...

Битолскиот совет даде зелено светло: Угостителите во Старата чаршија ќе бидат ослободени од комунална такса

- Advertisement -spot_img

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија.

Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека на денешната 13. седница на Советот, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела иницијатива за ослободување од комунална такса на рестораните и кафе-баровите лоцирани во Старата битолска чаршија.

– Нашата цел е да им помогнеме на локалните стопанственици, да ги намалиме нивните трошоци и да создадеме дополнителен поттик за развој на угостителството и туризмот во овој значаен дел од градот. Старата битолска чаршија е симбол на Битола, место со богата историја, традиција и автентичен дух. Затоа сме должни преку конкретни мерки да придонесеме за нејзино економско и туристичко оживување. Веруваме дека оваа иницијатива ќе претставува чекор напред кон поатрактивна, пожива и поуспешна Стара битолска чаршија, изјави Бојкоски.

Со усвојувањето на оваа мерка, локалната самоуправа испраќа порака за поддршка на угостителскиот сектор и за заживување на еден од најпрепознатливите делови на Битола, кој претставува значајна туристичка и културна целина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img