3.8 C
Skopje
17 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНа граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки...

На граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак

- Advertisement -spot_img

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз.

Станува збор за пратка со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, која по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Како што информираат од АХВ, забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното Решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).

Според ова Решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img