Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска Н.Е. Ола Сулстром, придружуван од заменик-шеф на
мисијата Елизабет Далберг Фриск.
Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на двете држави, засновани на меѓусебна доверба и почит, со посебен фокус на парламентарната и економската
соработка.
Потпретседателот Милошоски се заблагодари за континуираната поддршка која нашата држава ја добива од Кралството Шведска во процесот на ЕУ-интеграциите.








