домаМакедонијаМеџити: Македонија и Швајцарија градат стабилни и пријателски односи

Меџити: Македонија и Швајцарија градат стабилни и пријателски односи

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на ВЛЕН, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Северна Македонија, Христоф Сомер.

На средбата, како што соопшти Меџити, се разговарало за актуелните политички случувања, реформските процеси во државата и европската перспектива на Северна Македонија.

Меџити изразил благодарност за континуираната поддршка што Швајцарија ја дава на земјата во повеќе области значајни за демократскиот и економскиот развој.

Тој истакнал дека односите меѓу двете држави се одлични, а партнерството со Швајцарија претставува важна поддршка за спроведување на реформите и за унапредување на евроинтеграцискиот процес на државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img