домаМакедонија„Комуналец“ Прилеп започна целосно реновирање на амфитеатарот во Варош

„Комуналец“ Прилеп започна целосно реновирање на амфитеатарот во Варош

- Advertisement -spot_img

Амфитеатарот во Варош добива нов и уреден изглед. Екипите на ЈКП „Комуналец“ Прилеп интензивно работат на негово комплетно реновирање, со цел просторот да биде подготвен за бројни културни, музички и забавни настани во текот на летниот период.

Во рамки на активностите се врши замена на дрвените штафни на седалата за публиката, чистење и преуредување на плочите, а во наредниот период се планирани и дополнителни зафати за подобрување на функционалноста и изгледот на амфитеатарот.

Од ЈКП „Комуналец“ информираат дека обновувањето на овој значаен простор е дел од заложбите за создавање подобри услови за одржување на јавни настани и збогатување на културниот живот во Прилеп.

На иницијатива на градоначалникот Дејан Проданоски, изминатиот месец мај беше исполнет со голем број манифестации, концерти и настани наменети за граѓаните, а очекувањата се амфитеатарот во Варош ова лето да стане едно од главните собиралишта за љубителите на културата и музиката.

Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека просторот ќе продолжи да се уредува и одржува, со што Варош ќе добие уште поатрактивна локација за организирање настани на отворено.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img