Германија за првпат во историјата би можела да добие жена претседателка. Партиите во владеачката коалиција се договорија за наследник на актуелниот шеф на државата, Франк Валтер Штајнмаер, а тоа ќе биде поранешната министерка за земјоделство, Илзе Ајгнер, јавија денеска германските медиуми.
Ајгнер е родена во 1964 година во Фелдкирхен и целата нејзина политичка кариера е поврзана со Христијанско-Демократската Унија (ЦСУ). Од 2008 година до 2013 година беше министерка за земјоделство во владата на Ангела Меркел. Важи за политичарка наклонета на компромиси поради што е ценета и надвор од нејзината партија.
Најбројната опозициска партија, Алтернатива за Германија (АфД) најави „кандидирање на личност од центарот на општеството“. Опозициската Левица со критики за кандидатурата на Ајгнер, залагајќи се за натпартиска личност која би „претставувала мнозинство“ од германските граѓани, но сè уште не одлучиле дали ќе истакнат и свој кандидат.
Актуелниот претседател Франк Валтер Штајнмаер веќе извршуваше два мандати и повеќе не може да се кандидира за функцијата која во Германија е главно протоколарна и подразбира претставување на земјата во странство, но може да влијае и на дневната политика доколку одбие да потпише некој закон.






