домаМакедонијаБрвеница го избира својот нов локален лидер - еве кои се во...

Брвеница го избира својот нов локален лидер – еве кои се во изборната трка

- Advertisement -spot_img

Вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница ќе се одржи утре, во недела, на 1 ноември. Денеска, пак, во населените места во општината своето право на глас го остваруваат болните и изнемоштените лица.

Во вториот изборен круг граѓаните ќе избираат меѓу Стојанчо Радичевски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији, кандидат на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ.

Првиот круг се одржа на 18 октомври, а според податоците на Државната изборна комисија, најмногу гласови освои Радичевски – 2.943, односно 38,90 проценти. Јахији доби поддршка од 2.152 избирачи, што претставува 28,45 проценти од гласовите.

Бидејќи ниту еден од кандидатите не го обезбеди потребниот број гласови за победа во првиот круг, одлуката за новиот градоначалник ќе биде донесена на утрешното гласање.

Изборниот молк за вториот круг започна синоќа на полноќ. Во текот на денешниот ден гласаат болните и изнемоштените лица, додека останатите избирачи ќе можат да гласаат утре.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img