За многумина, ова е првата слика односно првиот впечаток за Скопје – главната автобуска станица. Но, наместо да ги дочека со уреден и модерен изглед, туристите и сите останати кои секој ден ја користат оваа станица се соочуваат со смет, непријатен мирис и „хаос“ со диви таксисти кои ги опкружуваат пристигнатите патници.
На фасадата стои стар часовник кој веќе пет години го покажува истото време, како симбол на застојот и негрижата што владее на овој простор, како времето да застанало во минатото кога се водеше гриза за секој агол.
Додека градските служби организираат акции за чистење и разубавување на Скопје, овој дел од градот останува заборавен. Патниците секојдневно минуваат низ запуштени тротоари, нефункционално осветлување и простор што изгледа како да не припаѓа на главниот град на Македонија.
Сликата што ја добиваат туристите уште при првиот чекор во Скопје е далеку од европска престолнина.









