Град Скопје ги повика граѓаните да учествуваат во планирањето на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека скопјани, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје може да ги достават ставовите и идеите, за кои додава оти ќе бидат основата врз која ќе се гради овој важен документ. Своите идеи и предлози за Буџетот за 2026 година можат да ги испратат на електронската адреса: gradskibudzet2026@skopje.gov.mk








