15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаГо удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие...

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

- Advertisement -spot_img

авен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи го со дрвена ногарка по главата и по целото тело. Од ударите, оштетениот започнал да крвари од главата и изгубил свест, а осомничениот наместо да му помогне, си легнал да спие.

Следниот ден, кога се разбудил, видел дека брат му лежи во крв и без свест, но повторно го оставил и повикал медицинска помош дури речиси три часа подоцна.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img