Познатиот бугарски бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е застрелан во населбата „Павлово“ во Софија.
Тој разви голем бизнис во индустријата за безбедност, градежништво и забава, управувајќи со некои од најпопуларните ноќни клубови во главниот град.
Неговата политичка активност официјално започна во 2007 година, кога беше избран за европратеник од листата на партијата Атака, а во 2009 година доби втор мандат во Европскиот парламент. Во 2014 година, тој беше избран за пратеник во парламентот во 43-то Народно собрание на Република Бугарија.
Уапсени се три лица, а според полицијата, најверјатно зад мотивот за убиство се крие спор за пари.
Полицијата категорично ја отфрла верзијата за нарачано убиство. „Верувам дека делото не може да се класифицира како нарачано убиство“, рече вишиот комесар Николај Пелтеков, директор на Државниот оддел за внатрешни работи. „Тие имале врска долго време и најверојатно се случило нешто спонтано, што довело до овој инцидент“. Како дополнителен доказ се наведува фактот дека ниту при влегување ниту при излегување од адресата, сторителите не ги покриле лицата ниту автомобилот“, додаде Пелтеков.






