домаМакедонијаЗејнула во прва официјална посета на Турција како министер, се сретна со...

Зејнула во прва официјална посета на Турција како министер, се сретна со шефот на турската дипломатија Фидан

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Турската демократска партија (ТДП) и министерот без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за меѓународна соработка и странски инвестиции, Зулфикар Зејнула, ја реализираше својата прва официјална посета во странство по преземањето на министерската функција во Република Турција, каде што оствари средба со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.

На средбата беа разгледани историските и длабоки братски врски меѓу Турција и Северна Македонија, можностите за зајакнување на стратешката соработка меѓу двете земји, како и прашања од значење за иднината на турската заедница во Северна Македонија.

Од Турската демократска партија истакнаа дека цврстите врски со матичната Турција претставуваат една од најголемите вредности на партијата и на турската заедница во земјава. Како што наведуваат, заштитата на правата, националниот идентитет и иднината на турската заедница ќе продолжи да биде еден од нивните главни приоритети, со одлучна поддршка и соработка со Турција.

Зејнула му се заблагодари на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, за укажаното внимание, срдечното гостопримство и драгоцената поддршка.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img