домаМакедонија25 возачи лишени од слобода

25 возачи лишени од слобода

- Advertisement -spot_img

Дваесет и пет возачи полицијата лиши од слобода само во изминатово деноноќие за безобѕирно управување со возило. Во полициските контроли фатени се и малолетници кои без возачка дозвола седнале зад волан. Казни се пишани и за возење под дејство на алкохол на 13 лица.

Во текот на вчерашниот ден пак регистрана е и една сообраќајка со смртни последици – 59 годишен гостиварец загинал откако неговиот автомобил излетал од коловозот и удрил во бетоснски ѕид. Во истиот ден во три различни сообраќајки – три лица се тешко повредени и хоспитализирани.

Истовремено под контрола на полицијата се и возачите на тротинети. Минатиот месец одземени се 17 електрични тротинети, евидентрирани се 871 прекршок од кои најголем дел биле за неносење на кацига.

– Најголем број на прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Битола – 290 прекршоци, потоа Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125 прекршоци, СВР Струмица 113, додека другите прекршоци се констатирани на подрачјето на другите сектори за внатрешни работи. Исто така, во текот на контролите одземени се 17 електрични тротинети.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека продолжуваат со зајакнатите сообраќајни контроли и апелираат до возачите на лесни електрични возила задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат на површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img