домаСпортГлавниот советник на Џани Инфантино си поднесе оставка

Главниот советник на Џани Инфантино си поднесе оставка

- Advertisement -spot_img

Еден од најблиските соработници на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Карлос Кордеиро си поднесе оставка на функцијата и го напушти тимот.

Причината за тоа се највновите настани, и планот за продажба на Мундијалот на приватни сопственици, со што самиот Кореиро воопшто не се согласува, пренесува „Sky sport“.

Кој е Карлос Кордеиро и за каков сериозен лик се работи говорат два податока. Беше претседател на американскиот фудбалски сојуз, и е потпретседател на инвестициската банка „Goldman Sachs“.

Иницијативата на ФИФА не е поддржана ама апсолутно од никого, релевантен, а вчера сите членки на УЕФА, меѓу кои и Македонија, колективно го одбија предлогот на Инфантино.

За реномираниот англиски медиум, Кордеиро даде ексклузивна изјава која вели.

„Како сега веќе екс соработник со претседателот на ФИФа и негов советник, а воедно и доживотен заљубеник во фудбалот, не можам мирно да го гледам ова и како ФИФА сериозно размислува да продаде дел од Мундијалот. Сакам да потенцирам дека не бев дел од иницијативата за овој проект, и децидно се противам против него.Ова е лошо за членките на ФИФА, лошо за фудбалот, лошо за целата иднина на спортот“ – рече Кордеиро.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img