домаМакедонијаРичард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот...

Ричард Гренел, соработникот на Трамп, во средата бил во Скопје – самиот објави видео

- Advertisement -spot_img

Видеото што го објави Гренел на Инстаграм е снимено од погорните катови на зградата „Адора Флатирон“ во скопска Кисела Вода. Гренел имал приватна средба со премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски, потврдија од Владата за „360 степени“.

Ричард Гренел, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, на Инстаграм објави видео снимено од повисоките катови на зграда од која панорамски се гледа голем дел од Скопје.

Во објавата кратко пишува – Скопје, Македонија, е убав град. Па, може да се претпостави дека тој е или бил во посета на македонската престолнина.

Според околината и видикот што се претставени, видеото е снимено од балкон на станбено-деловниот објект „Адора Флатирон“ во скопската населба Кисела Вода.

Од Владата за „360 степени“ велат дека Гренел пред два дена, на 29 јули, бил во приватна посета на Скопје и имал приватна средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„Амбасадорот Гренел на 29 јули 2026 година престојуваше во Скопје во приватна посета. Во рамки на неговиот престој беше реализирана приватна средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски која се одржа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и претставуваше продолжение на пријателските односи и меѓусебната комуникација“, изјавија од Владата за „360 степени“.

Нема информација дали станало збор за конкретни политички или економско-инвестициски теми од заемен интерес, како што своевремено се спомнуваше проектот „Чебрен”.

Ричард Гренел,, кој важи за човек од блиското опкружување на американскиот претседател Доналд Трамп, во изминатиот период имаше повеќе средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Во февруари годинава тие се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција разговарајќи за стратешките односи со САД.

Мицкоски се сретна со Гренел и при неговата работна посета на САД во јануари 2025 година за инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Како што информираше Мицкоски на Фејсбук, двајцата разговарале за предизвиците со кои се соочува Македонија поврзани со членството во Европската Унија.

https://www.instagram.com/richardgrenell/?utm_source=ig_embed&ig_rid=AmcAABI2S-NXaZ1_HFWwjNK

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img