домаМакедонијаВнатрешната контрола на МВР презема мерки за случајот со 15-годишникот од Охрид,...

Внатрешната контрола на МВР презема мерки за случајот со 15-годишникот од Охрид, Обвинителството 4 месеци чека информации

- Advertisement -spot_img

Внатрешната контрола на МВР, по наредба на Јавното обвинителство, презема мерки за случајот со наводното полициско претепување на 15-годишникот од Охрид. Ова е кусиот одговор што денеска го доби ТВ 24 од Министерството за внатрешни работи, откако вчера Левица го отвори случајот, обвинувајќи дека полицајци пред четири месеци со службено возило го удриле малолетникот, го претепале до губење свест и му се заканувале да молчи.​Иако од МВР најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително известена, остануваат без одговор клучните прашања – зошто постапката тапкала во место цели четири месеци и дали пријавените полицајци сè уште се на своите работни места.

Oд Охридското обвинителство по сослушувањето на малолетникот, велат дека предметот го испратиле до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од полициски службеници во OJOГOKК.

,,Во рамки на постапката е побарано препознавање на полицајците, по што е утврден нивниот идентитет. Обвинителството побара и од Внатрешната контрола на МВР да достави информации за случајот, но досега нема одговор,- информираат од Обвинителството.

Во меѓувреме од Левица бараат итно доставување на доказите до ОЈО ГОКК, утврдување на одговорноста на полициските службеници и одговорност за непостапувањето на Внатрешната контрола.

,,Со ваквото непостапување на Внатрешната контрола, МВР дополнително го руши сопствениот углед и довербата на граѓаните во институциите.Панче Тошковски не може да се крие зад молк додека обвинителството чека докази од институцијата со која раководи.Бараме оставка од Тошковски. Министер кој не може или не сака да обезбеди одговорност за полициско насилство врз малолетник нема кредибилитет да раководи со Министерството за внатрешни работи.”- велат од Левица.

Овие обвинувања доаѓаат во период кога Охрид е во фокусот на јавноста по серијата тешки инциденти и наводи за насилство. Во меѓувреме во јавноста излегоа сведоштва за полициско насилство и врз друг 19 годишник од Охрид .Сепак, од МВР ги демантираат ваквите тврдења, наведувајќи дека за тој случај нема ниту пријава за физички напад, ниту болнички прием, туку дека лицето било приведено поради нарушување на јавниот ред и мир.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img