Недоволните сместувачки капацитети и недостигот на медицински персонал остануваат едни од најголемите предизвици во грижата за повозрасните лица. Директорката на болницата за Геријатриска и Палијативна медицина „13 ноември“ вели дека потребата од згрижување се зголемува секоја година и очекува наредната година да се зголемат сместувачките капацитети и персоналот се со цел да се намалат листите на чекање.






