домаМакедонијаКамерите на „Безбеден град“ пуштени во употреба во Дебрца, наскоро и во...

Камерите на „Безбеден град“ пуштени во употреба во Дебрца, наскоро и во Охрид

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по завршувањето на финалните тестирања, во функција се пуштени безбедносните камери од системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на автопатската делница меѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца.

Од МВР информираат дека наскоро камерите ќе започнат со работа и на сообраќајниците во Охрид и околниот регион, каде што опремата е веќе поставена, а во тек се последните технички проверки и тестирања.

Според Министерството, системот „Безбеден град“ ќе овозможи поефикасна и континуирана контрола на сообраќајот, полесно откривање на прекршоците и поголема сообраќајна дисциплина, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Од МВР апелираат до возачите доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img