На 63-годишна возраст почина Стојан Здравевски – Столе, еден од основачите, долгогодишен вокалист и кларинетист на битолската музичка група „Боеми“, објавија битолските медиуми.
Тажната вест ја соопштија и неговите колеги преку официјалната фејсбук-страница на групата.
„Почитувани пријатели, со неизмерна тага ја споделуваме веста дека нè напушти нашиот Столе.
Замина нашиот долгогодишен другар, музичар и дел од семејството на групата ‘Боеми’. Зад себе остави безброј спомени, песни, настапи и моменти кои засекогаш ќе останат во нашите срца.
Столе, ти благодариме за сè што поминавме заедно – за пријателството, хуморот, насмевките и музиката што ја споделувавме низ годините.
Почивај во мир, Столе. Никогаш нема да бидеш заборавен. Нека ти е светол патот до вечноста!
Твоите Боеми“, напишаа неговите колеги.






